Што мора да содржи огласот
- Јасен наслов, точна категорија и вистинска локација.
- Реален опис на состојбата, недостатоците, цената и условите.
- Сопствени или законски дозволени фотографии од предметот што се нуди.
- Еден оглас за ист предмет; не објавувај повеќе исти огласи.
Забранета содржина
- Незаконски, украдени или фалсификувани производи.
- Оружје, дрога, опасни материи и производи чија продажба е забранета или строго регулирана.
- Навредлива, дискриминаторска, сексуално експлицитна или насилна содржина.
- Туѓи лични податоци, лажни документи, измамнички понуди и пирамидални шеми.
- Содржина што повредува авторски права, трговски марки или други права на трети лица.
Компании и професионални продавачи
Деловните продавачи мора да наведат точни податоци и да ги почитуваат применливите правила за потрошувачи, цени, гаранции, даноци и продажба на далечина. Потврдена продавница не значи гаранција за секоја понуда.
Модерација
Можеме да побараме измена, да одбиеме, архивираме или избришеме оглас што ги прекршува овие правила, законите или безбедноста на корисниците. Повторени или тешки прекршувања може да доведат до ограничување на профилот.